свет

Кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ помина меѓу островите на југот на Јапонија

- Според веста на јавниот радиодифузер НХК, базирана на извори од Министерството за одбрана, кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“, заедно со петте брода кои го придружувале, пловел близу Окинава во јужна Јапонија.

Ahmet Furkan Mercan  | 29.04.2021 - Обновена : 30.04.2021
Кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ помина меѓу островите на југот на Јапонија

ТОКИО 

Кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ помина помеѓу провинцијата Окинава во јужна Јапонија и островот Мијакоџима, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на јавниот радиодифузер НХК, базирана на извори од Министерството за одбрана, кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“, заедно со петте брода кои го придружувале, пловел близу Окинава во јужна Јапонија.

Според соопштението на Силите за самостојна одбрана на морнарицата (MSDF), поминувајќи меѓу јужната провинција Oкинава и островот Мијакоџима, носачот на авиони „Лиаонинг“ напредувал кон север и влегол во Источното Кинеско Море.

Воената флота, за време на пловидбата не ги повредила територијалните води на Јапонија.

- Овластување за употреба на оружје

Законот, што стапи на сила во Кина на 1 февруари, ја овластува својата крајбрежна стража да користи оружје против странските бродови што не ги почитуваат правилата.

Новинската агенција „Кјодо“ соопшти дека овој закон ја овластува Кина да отвори оган кон јапонските бродови што пловат околу спорните острови Сенкаку во Источното Кинеско Море.

Архипелагот во Источното Кинеско Море, што Јапонија го нарекува Сенкаку, а Кина - Дјаоју, се состои од пет острови и три карпи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın