Amir Latif Arain
04 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Кина ја регистрира најтоплата есен од почетокот на комплетното метеоролошко евидентирање во 1961 година, јавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Просечната температура на национално ниво од 1 септември до 30 ноември изнесуваше 11,8 Целзиусови степени, што е за 1,5 Целзиусови степени повисока од просекот од истиот период во изминатите години, објави државната новинска агенција Синхуа њуз, наведувајќи податоци од Националниот климатски центар.
Централните, источните, југозападните и северозападните региони на земјата забележаа просечни температури што беа од 2 до 4 Целзиусови степени повисоки во периодот, во споредба со претходните години.
Регистрирани се и поголеми количини врнежи во истиот период, пет од вкупно девет бури се предизвикани од тајфуни.
Центарот прогнозира дека температурите во поголем дел од земјата ќе бидат блиску или повисоки од просекот од претходните години.