Tevfik Durul
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Министерството за надворешни работи на Кина ги повика САД да бидат непристрасни и фер во прашањето меѓу Израел и Палестина околу статусот на Ерусалим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на кинеското МНР, Ѓинг Шуанг, на редовната прес-конференција зборуваше околу одлуката на САД за признавање Ерусалим како главен град на Израел.
Шуанг го окарактеризира прашањето околу статусот на Ерусалим како суштина на конфликтот што трае меѓу Израел и Палестина. „Заедничко мислење на меѓународната јавност е дека конечното решение треба да се бара преку преговори и дијалог“, истакна Шуанг.
„Кина го поддржува формирањето на една целосно независна и суверена палестинска држава во границите од 1967 година и главен град Источен Ерусалим“, рече Ѓинг.
Ѓинг на вчерашната прес-конференција во врска со планот на Трамп за признавање на Ерусалим како главен град на Израел рече дека се загрижени оти оваа одлука ќе ги поттикне постоечките тензии во регионот.