свет

Кина продолжува со воените вежби во близина на Тајван

Четиридневните воени вежби требаше да завршат во вчера

Riyaz Khaliq Khaliq  | 08.08.2022 - Обновена : 09.08.2022
Кина продолжува со воените вежби во близина на Тајван

ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес соопшти дека ќе ги продолжи своите воени вежби во близина на Тајван, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Последното соопштение значи дека Кина го продолжува датумот на воените вежби кои започнаа на 4 август и беа планирани да завршат оваа недела.

Во соопштението, Источната команда на Народноослободителната армија вели дека „ќе продолжи со вежбите во водите во близина на Тајван, фокусирајќи се на нападите против подморници и напади воздух - брод“, според кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Воените вежби се одржуваат од Кина како одговор на посетата на претседателската на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), Ненси Пелоси на Тајван, покрај предупредувањата од Пекинг, кој Тајван го смета за своја „отцепена провинција“.

Кинеската армија исто така лансира балистички ракети околу Тајван, некои од нив паднаа во водите за кои Јапонија тврди дека се нејзина ексклузивна економска зона.

Министерството за одбрана на Тајван се очекува денес да одржи прес-конференција.

- „Оправдан е намалениот воен дијалог со САД“ -

Пекинг, исто така, го оправда намалувањето на својот воен дијалог со САД.

Ву Чиан, виш полковник и портпарол на кинеското Министерство за национална одбрана, ги обвини САД за сегашните „тензии во Тајванскиот Теснец“.

„САД ги испровоцираа“, кажа Ву, додавајќи дека „контрамерките“ на Кина, вклучително и прекинувањето на воениот дијалог „се оправдани и правилни“.

„САД намерно создаваат криза, а во исто време прават изговор за да ја префрлат вината на другите, на што Кина цврсто се противи. Ги повикуваме САД да ги почитуваат основните интереси и загриженост на Кина, да се откажат од користењето на островот Тајван за да се спротивстават на Кина“, рече Ву во соопштението.

Како дел од контрамерките против посетата на Пелоси, Пекинг ја санкционираше претседателката на Претставничкиот дом, нејзиното семејство и најави осум чекори за суспендирање или откажување на соработката со Вашингтон.

Осумте контрамерки кои ги најави Пекинг вклучуваат прекинување на телефонските разговори помеѓу началниците на армиите на САД и Кина, откажување на работниот состанок меѓу кинеското и американското Министерство за одбрана и прекин на соработката на Кина и САД за илегалните имигранти, контрола на дрогата и климатските промени.

Пелоси беше првиот претседател на Претставничкиот дом кој го има посетено Тајван во последните 25 години.

Таа ја предводеше делегацијата на американски законодавци кои го започнаа нивното патување од Сингапур во понеделникот минатата недела, по што следеше Малезија, од каде таа замина за Тајван, предизвикувајќи гневен одговор од Пекинг.

Тајван не беше споменат во агендата на официјалната турнеја на Пелоси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın