Fuat Kabakçı
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина е изведена операција против осомничени лица поврзани со кибер криминал при што се приведени 177 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за јавна безбедност, операцијата е извршена по четиримесечно техничко следење на осомничените, кои преку кибер криминал нелегално заработиле 10 милиони кинески јуани (околу 1,52 милиони долари).
Во истовремени операции спроведени во кинеските покраини Ѓангси, Џеѓанг, Ѓангсу, како и во главниот град Пекинг, приведени се 177 лица осомничени за кибер криминал.
За време на операциите запленети се банкарски картички, мобилни телефони, сим картички како и компјутери.