свет

Кина предупреди дека „неселективните напади“ ќе го потопат Блискиот Исток во „хаос“

„Конфликтот на Блискиот Исток се шири и се прелева, доколку прерасне во неселективни напади врз регионот, тој ќе биде потопен во хаос”

Riyaz Khaliq Khaliq  | 23.03.2026 - Обновена : 23.03.2026
Кина предупреди дека „неселективните напади“ ќе го потопат Блискиот Исток во „хаос“

ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес предупреди дека „неселективните напади” ќе го потопат Блискиот Исток во хаос, апелирајќи за итен прекин на американско-израелските воени дејства врз Иран што започнаа на 28 февруари, јавува Анадолу.

„Конфликтот на Блискиот Исток се шири и се прелева, доколку прерасне во неселективни напади врз регионот, тој ќе биде потопен во хаос”, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан пред новинарите во Пекинг.

„Употребата на сила само ќе доведе до маѓепсан круг”, предупреди Лин, повикувајќи ги „страните во конфликтот веднаш да ги прекинат воените дејства, да се вратат на дијалогот и преговорите и да не ја продолжуваат војната што воопшто не требаше да се случи”.

Лин изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток „нанела тежок удар врз глобалната енергетска безбедност и трговија”.

„Релевантните земји треба итно да ги прекинат воените дејства и да спречат регионалниот метеж да предизвика поголеми последици врз глобалниот економски раст”, додаде тој.

Ескалацијата во регионот на Блискиот Исток продолжува да расте од почетокот на американско-израелскиот заеднички напад врз Иран на 28 февруари, во кој досега се убиени над 1.300 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои се стационирани американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, а наедно и нарушување на глобалните пазари и авиосообраќајот.

Техеран, исто така, воспостави целосна контрола врз Ормускиот Теснец, клучен воден пат за транспорт на енергенти и за снабдувањето на поголем дел од Азија со други суровини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın