Tevfik Durul
23 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во вториот квартал во Кина поради содржини кои не се во рамките на кинеските закони се затворени 3918 веб-страници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската администрација за надзор на сајбер-просторот (САС), соопшти дека од април до јуни се затворени 3.918 веб-сајтови поради националните безбедносни закани, поттикнување на насилство, и ширењето на неосновани изјави.
Во истиот период, 316 случаи се поврзуваат со нелегални страници предадени на судските власти, а CAC соопшти дека во тоа време биле блокирани и налозите на социјалните мрежи на 810.000 луѓе.