Fuat Kabakcı
13 Април 2023•Ажурирај: 15 Април 2023
ПЕКИНГ (АА) - Кина планира да го зголеми користењето на чистите извори на енергија за 1% годишно во наредните пет години, известува Анадолу.
Шефот на Националната управа за енергетика, Цанг Циенхуа, се обрати на прес-конференцијата за медиумите во Пекинг, зборувајќи за значењето на користењето на чистата енергија во целата земја.
Циенхуа истакна дека инсталираните капацитети на чисти извори на енергија во земјата изнесуваат 1,27 теравати, додавајќи дека нивниот сооднос во вкупната постојна моќност изнесува 49,5%, а уделот во потрошувачката е 17,5%.
Тој нагласи дека потрошувачката на нефосилна чиста енергија ќе се зголемува за 1% годишно во наредните пет години.
Циенхуа рече дека Кина особено ќе се фокусира на користењето на овие ресурси во наредните години.
До декември 2022 година повеќе од половина инсталирани капацитети на енергија претставуваа електрани на природен гас и на јаглен.
Инвестициите во Кина во енергија добиена од ветер и соларна енергија се зголемија за 100 гигавати годишно во последните три години.
Најпопуларни обновливи извори на енергија во моментов се соларната енергија, енергијата добиена од ветер, хидроенергијата, енергијата на прилив и одлив, геотермалната енергија и енергијата на биомаса.