свет

Кина: Од последиците на вирусот „Ковид-19“ починаа 2.444 лица

Според последните податоци, во последните 24 часа починаа 97 лица, а регистирани се 648 нови случаи на зараза

Fuat Kabakcı  | 23.02.2020 - Обновена : 24.02.2020
Кина: Од последиците на вирусот „Ковид-19“ починаа 2.444 лица

ПЕКИНГ (AA) - Од последиците на заразувањето со вирусот „Ковид-19“ во Кина починаа 2.444 лица, соопшти Националната комисија за здравје, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според последните податоци, досега заразувањето е потврдено кај 76.936 лица, додека во последните 24 часа починаа 97 лица, а регистирани се 648 нови случаи на зараза.

Во посебните административни региони Хонгконг и Макао заразени се 69, односно 10 лица.

Под медицински надзор се наоѓаат 106.089 лица и оваа бројка е намалена.

Новиот коронавирус се прошири во повеќе од 20 држави, меѓу кои во Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.

Многу земји, вклучувајќи ја и Турција, ги евакуираа своите државјани од Вухан - епицентарот на ширењето на вирусот - и од другите погодени подрачја во Кина, ставајќи ги во карантин и под надзор.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın