Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
ПЕКИНГ
Кина му честиташе на Џо Бајден, кој победи на претседателските избори во САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Винбин истакна: „Го почитуваме изборот на американскиот народ. Им честитаме на г. Бајден и г-ѓа (Камала) Харис (потпретседателката).“
Ванг не коментираше зошто изјавата со честитка доцни, но истакна дека „резултатот ќе биде потврден во согласност со законите и процедурите на САД“
Кина и Русија минатата недела се воздржаа од честитки за Бајден, кој беше избран за претседател.
Во САД сѐ уште продолжуваат дискусиите за резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември. Според неофицијалните резултати, Бајден, кој победи на изборите, стигна до 279 делегати и се очекува да ја преземе функцијата на 20 јануари 2021 година.