Fuat Kabakçı
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 11 луѓе останаа заробени поради поплавата од вода што се случи во рудник за јаглен во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската агенција Синхуа јавува дека поплавата со вода во рудникот во провинцијата Шанкси, во северниот дел од земјата, се случи во понеделникот.
Кон местото на настанот се упатени голем број на спасувачки екипи.
Надлежните започнаа истрага за овој случај