Ekipa
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Обилните врнежи од дожд на јужниот дел од Кина предизвикаа поплави во кои страдаа 25 лица, а раселени се 33.000, од кои поголемиот број се одалечените сиромашни региони, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеското министерство за цивилни работи соопшти дека во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните врнежи од дожд во десет покраини загрозени се околу четири милиони луѓе.
Јужниот дел на Кина секоја година е погоден за време на монсуните во мај, јуни и јули, но оваа година количината на врнежите е исклучително обемна. Нивото на водата во поединечните реки го надминаа нивото од 1998 година, кога Кина беше погодена од катастрофалните поплави кои загрозија околу 180 милиони човечки животи.
Во последните неколку недели властите воведоа и вонредни мерки, вклуувајќи го и празнењето на вода од три брани на реката Јангтце.
Според податоците на Министерството на цивилни работи, директните економски губитоци поради поплавите до сега изнесуваат околу 488 милиони евра.