Ekip
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ТРИПОЛИ
Катарскиот министер за одбрана, Калид бин Мохамад Ал Атијах, денес пристигна во Триполи на преговори со либиските официјални претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ал Атијах беше пречекан на аеродромот Митига од страна на либискиот заменик министер за одбрана Салах Ал Намроуш.
По неговото пристигнување, катарскиот министер го посети седиштето на Консултативното лидерство за соработка, безбедност, одбрана и обука кое беше основано како дел од минатогодишниот пакт за воена соработка меѓу Либија и Турција.
Посетата на Ал Атијах во Триполи се совпадна со сличните посети на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар и германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во либискиот главен град.