Ekrem Biçeroğlu,Mohammed Hamood Ali Al Ragawi
24 Октомври 2023•Ажурирај: 25 Октомври 2023
ДОХА (АА) - Катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал Тани изјави дека не треба да му се дава на Израел зелено светло за неограничено убивање на луѓето, јавува Анадолу.
Ал Тани зборуваше на отворањето на новиот мандат на државниот Совет на Шура.
„Ние сме поборници за мир и посветени сме на меѓународната легитимност и одлуки на Арапската мировна иницијатива. Повикуваме на прекин на војната во Газа, со цел да се избегне крвопролевање и да се заштитат цивилите од последиците на воениот конфликт“, рече Ал Тани.
Катарскиот емир понатаму рече дека тие се против каква било акција што ги загрозува невините цивили, без разлика од каде доаѓа, како и дека не ги прифаќаат двојните стандарди и третирањето на животите на палестинските деца како да се неважни.
Тој истакна дека војната не дава никакво решение, освен влошување на страдањата.
„Доста беше! Не треба да му се дава на Израел зелено светло за неограничено убивање“, додаде Ал Тани.