Yaser Arafat Mohamed Albanna,Muhammed Semiz
19 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
ГАЗА
Шефот на Катарскиот комитет за обнова на Газа, Мухамед Ал-Емади, изјави дека властите на Катар чинат се за да под контрола се одржат тензиите кои во таа палестинска енклава ги предизвика израелската блокада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој порача дека минатоседмичното интензивирање на израелскката блокада и воздушните напади во Газа предизвика продлабочување на кризата и во уште потешка ситуација ги донесе жителите од тој регион.
„Во контакт сме со сите релевантни субјекти. Катар и во овој тежок период останува со братскиот палестински народ и се обидува да помогне на сите начини", порача Емади.
Тој исто така ја повика меѓународната заедница да помогне во редуцирањето на големата хуманитарна криза во Газа и ги повика Обединетите нации и другите меѓународни организации да ги исполнат своите задачи и ветувања кои му ги дале на палестинскиот народ.