Mahmoud Mohamed Barakat
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
ДОХА (АА) - Катар е подготвен да посредува меѓу Турција и Саудиска Арабија, изјави официјален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мутлак Ал Кахтани, специјалниот претставник на катарското Министерство за надворешни работи за борба против тероризмот и посредување во решавањето спорови, говорејќи на симпозиумот наречен „Политика и искуство на државата Катар во посредување и решавање спорови“ организиран од Институтот за постдипломски студии во Доха, одговори на прашањето за подготвеноста на Катар да посредува и да ги намали тензиите меѓу Турција и Саудиска Арабија или меѓу Саудиска Арабија и Иран.
„Ова се должи на принципот на согласност како основен принцип во меѓународните односи. Доколку овие две земји видат дека државата Катар има улога во тоа посредување, тогаш е можно да се стори тоа“, изјави Ал Кахтани.
„Од интерес на сите е да има пријателски односи меѓу сите овие земји“, додаде тој.