Mahmut Atanur
12 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
ЏАКАРТА (АА) - Деловите од паднатиот патнички авион во Индонезија, што падна непосредно по полетувањето, се предмет на истрага, јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните лица на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот детално ги регистрираат остатоците од авионот собрани во кризниот центар на пристаништето „Танјунг Приок“, северно од главниот град Џaкарта.
Официјалните лица, кои досега не дадоа официјална изјава за причината за несреќата, наведуваат дека причините за паѓањето на авионот ќе бидат познати откако ќе се анализира црната кутија.
Координаторот на Националната агенција за пребарување и спасување (BASARNAS), Расман МС, во изјавата рече дека се надеваат оти денеска ќе стигнат до црната кутија на авионот.
Истакнувајќи дека остатоците на авионот се наоѓаат на длабочина од 20-30 метри во морето, Расман рече дека лошите временски услови ги отежнуваат напорите за пребарување.
Продолжуваат работите за пребарување и спасување во регионот помеѓу островите Ланџанг и Лаки, каде што се урна патничкиот авион.
На прес-конференцијата одржана на 9 јануари, министерот за транспорт, Буни Карја Сумади, истакна дека патничкиот авион „SJ182“, со 12-член екипаж и 50 патници, паднал помеѓу островите Ланџанг и Лаки, крај северниот брег на Џакарта.