Emre Gürkan Abay,Hakan Ceyhan Aydoğan
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Претседателот на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ), Рифат Хисарчиклиоглу, изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин во текот на октомври ќе допатува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Хисарчиклиоглу ја предводи делегацијата на турските бизнисмени кои денес во Москва се состанаа со заменик рускиот министер на економскиот развој, Алексеј Ликанчев.
По средбата, Хисарчиклиоглу изјави дека темите на разговорот за време на планираната посета на Путин во Турција, би требале да бидат продолжение на нормализирање на билатералните односи, прашање на проектот за изградба на гасоводот Турски тек и укинување на руските санкции на некои турски бизнис предмети.
„Целта ни е што побрзо да ја вратиме трговската размена меѓу Турција и Русија на обемот од претходно. Остваривме добри контакти со руските инвеститори и индустријалци и двострана е желбата нашите односи да се развиваат понатаму”, изјави Хисарчиклиоглу.
Паралелно со тоа, најавата за можната посета на Путин во Турција во октомври, ја потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пешков, но рече дека официјалната најава на посетата ќе биде објавена дури кога сите детали ќе бидат прецизирани.
Рускиот претседател Путин последен пат ја посети Турција во ноември минaтата година поради учество на Самитот на лидери Г20, но непосредно после тоа дојде до блокада на билатераните односи на двете земји поради соборување на рускиот авион кој во текот на акциите во Сирија го повреди турскиот воздушен простор.