Şenhan Bolelli
27 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Парламентот на автономната област Каталонија, која се наоѓа во источниот дел на Шпанија, со тајно гласање донесе одлука за еднострана независност, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентот ги прифати предлог-одлуките за „прогласување на независната република Каталонија и за започнување на процесот за структурирањето поврзано со тоа“, кои беа претставени од страна на алијансата „Junts pel Si“ (Обединети за Да), во малцинската влада, како и левата екстремна поддржувачка партија, Кандидатура за граѓанска унија (ЦУП).
На тајното гласање за предлозите на „Junts pel Si“ и „ЦУП“, 70 гласови беа за, 10 против, а два гласа беа воздржани. Покрај партијата „Catalunya si que es pot“ (Каталонија може), сите други опозициски партии не учествуваа во гласањето, и ја напуштија пленарната сала во знак на протест.
Пратениците на Народната партија (ПП), напуштајќи ја салата ги поставија знамињата на Шпанија и на Каталонија на седиштата во Парламентот.