Seyit Aydoğan
04 Јуни 2021•Ажурирај: 06 Јуни 2021
ТОРОНТО (АА) - Група правници во Канада, прашањето за исчезнати деца во црковните интернати, кое повторно стана тема број еден на агендата на земјата, го донесоа пред Меѓународниот кривичен суд (ICC), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Канадскиот јавен емитер (CBC), 15 адвокати низ целата земја, врз основа на прелиминарните извештаи дека во градината на црковниот интернат на домородните Американци во градот Камлупс во провинцијата Британска Колумбија се пронајдени останки од 215 деца, од Меѓународниот кривичен суд (ICC) побараа канадската Влада и Ватикан да се испитаат за сторени дела против човештвото.
Брендан Милер од градот Калгари, кој е претседател на групата адвокати, своите официјални барања во врска со ова прашање ги пренесе до главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (UCM), Карим Кан.
- На крајот на истрагата, Католичката црква и канадските службеници може да бидат гонети -
Во изјавата за „Си-би-ес“ (CBC), Брендан Милер рече дека истрагата може да доведе до гонење на вработените, агентите и актерите на Католичката црква и Владата на Канада, кои биле вклучени во создавањето и прикривањето на погребните места.
Милер, истакнувајќи дека смртта, погребувањето и третманот врз децата кои се под заштита на Владата и црквата се доказ за злосторства против човештвото и дека сакаат Меѓународниот кривичен суд „да направи сѐ што е потребно за да се открие вистината“.
Упатувајќи повик до сите правни професионалци низ Канада да ги поддржат, Милер рече: „Досега ниту Федералната влада, ниту Ватикан не ги презеде потребните чекори за да ги исполнат очекувањата.“
- Канада го повика Папата уште еднаш да се извини за црковните интернати -
Од друга страна, канадскиот министер за домашни услуги, Марк Милер, рече дека Папата, верскиот водач на католичките христијани, треба да се извини за црковните интернати.
„Мислам дека е срамота што не се извинија денеска, и срамота е што не е објавено никакво извинување“, нагласи министерот Милер.
- Детски тела се пребаруваат во сите црковни интернати низ целата земја -
Во меѓувреме, откако беа пронајдени остатоци од 215 деца во Интернатот на домородните Американци во градот Камлупс, започна истрага за интернатите што работат низ Канада.
Градинарските области на 139 црковни интернати се контролираат со радари.
- Барањата за извинување на канадскиот премиер Трудо останаа без одговор -
Интернатот на домородните Американци во градот Камплупс е еден од најголемите интернати во Канада и со него управуваше Католичката црква во периодот помеѓу 1890 и 1969 година, пред да се затвори кон крајот на 1970-тите години.
Земјата беше длабоко потресена од физичките, сексуалните и емоционалните злоупотреби што ги претрпеа некои деца, и кои беа официјално откриени во 2015 година од страна на Комисијата за откривање на вистината и компромис, формирана во 2010 година за да се испита трагедијата во интернационалните црковни интернати.
Врз основа на извештајот од 4.000 страници, кој вклучува детални изјави на сведоци и преживеани, канадскиот премиер Џастин Трудо од Папата во 2017 побара официјално да се извини.
Одговарајќи на барањето на Трудо во 2018 година, Канадската конференција на католички бискупи соопшти дека Папата не може лично да се извини за улогата на Католичката црква во интернатите.
Во изјавата, по соопштението на Канадската конференција на католички бискупи, Трудо рече дека е разочаран од папата Франциско, кој не им се извини на илјадниците деца од автохтоното население кои биле подложени на физичко и сексуално насилство во интернатите во земјата и кои се користеле како субјекти во медицински тестови.
„Искрено, разочаран сум од одлуката на Католичката црква да не се извини за она што се случи во интернатите. Ние ќе продолжиме да работиме со поединци на патот кон компромисот, бидејќи преземаме одговорност за грешките од минатото и бараме прошка. Тоа го имаме во нашите основни вредности како Канаѓани“, нагласи Трудо.