Dildar Baykan
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ОТАВА (АА) - Канадските власти соопштија дека значително пораснало нивото на реката Отава, а експертите сметаат дека водостојот во наредните дена и понатаму ќе расте, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Канцеларијата за планирање на уредувањето на реката Отава, вчера реката достигнала рекордно ниво во градовите Лак Кулонж, Арнпрајор и Отава.
Според временската прогноза, нивото на реките ќе продолжи да се зголемува за дополнителни 50 сантиметри во одредени делови на градовите, а највисоката точка би можело да ја достигне утре или задутре.
Официјалните претставници на градот Отава вчера изјавија дека од 19 април на спречување на поплавите биле ангажирани околу 5.500 доброволци, заедно со 7780 припадници на канадските вооружени сили.
Во канадската покраина Квебек, 1.212 граѓани пријавиле значителна материјална штета поради поплавите.
Канадските власти соопштија дека е прогласена вонредна состојба за најмалку 14 подрачја, вклучувајќи ги и Отава, Кларенс-Рокленд и Понтијак.