Seyit Aydoğan
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
МОНРЕАЛ (АА) - Како последица на топлотниот бран, кој од 29 јуни ја зафати канадската покраина Квебек, починаа 54 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Милен Друин, директорката на Одделот за јавно здравство во Монтреал, истакна дека само во Монтреал, како резултат на екстремно високите температури на воздухот, починале 33 лица. Другите 21 смртен случај, забележани се во околните градови.
Друин нагласи дека 60 отсто од починатите се луѓе кои живееле сами и кои немале уреди за разладување во домовите.
Регионалното Министерство за здравство во Квебек соопшти дека последиците од зголемените температури на воздухот најмногу ги чувствуваат постарите лица и хронично болните.
Метеоролошкиот завод на Канада соопшти дека очекуваат нормализација на температурата во Квебек во следните два дена.