Enes Kaplan
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Ибрахим Калин, портпарол на кабинетот на претседателот на Турција, соопшти дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) како прва странска организација ќе испорача помош за загрозените муслимани во мјанмарскиот регион Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашиот почитуван претседател (Реџеп Таип Ердоган) денеска разговараше со лидерката на Мјанмар (Аунг Сан Су Чи) и притоа е одобрено официјалните претставници на ТИКА, како прва меѓународна организација, да влезат во кризното подрачје и во првата етапа да испорачаат 1.000 тони хуманитарна помош”, рече Калин.