Faruk Zorlu
06 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Биланост на починати лица како последица од зараза со коронавирусот во Кина е зголемен на 564 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина (NHC) соопшти дека во изминатите 24 часа починале 73 заразени лица, со што бројот на починати од опасниот вирус во таа земја се зголеми на 564.
Во соопштението се наведува дека досега е потврдено заразување со вирусот 2019-nCoV кај вкупно 28.018 пациенти, додека под надзор се наоѓаат 186.354 лица за кои се сомнева дека го носат опасниот вирус.
Од Комисијата исто така соопштија дека во изминатите 24 часа заразата со вирусот е потврдена кај 3.694 пациенти.
Коронавирусот на почетокот на годината се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи со зараза се потврдени во повеќе од 20 земји низ светот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност, а голем број авиокомпании ги запреа летовите кон Кина.