Mustafa Deveci
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
ЕРУСАЛИМ
Кабинетот за национална безбедност на Израел на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се состане за да дискутира за тензиите меѓу САД и Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот „Канал 13“ јави дека на состанокот, што е планиран за денес, ќе се разговара за тензиите меѓу САД и Иран.
На состанокот членовите на Кабинетот ќе добијат информации за последните случувања во регионот.
Иранската револуционерна гарда денес соопшти дека со повеќе балистички проектили ја гаѓала американската воздушна база во Иран, „Ајн ал Асад“.
Пентагон соопшти дека со повеќе од 12 проектили се гаѓани базата „Ајн ал Асад“ во Анбар и базата во Ербил, каде што се стационирани американски војници.