свет

Италија: Вкупната бројка на починати од коронавирусот се искачи на 10.023 лица

Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 70.065 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 92.472 лица

Barış Seçkin  | 28.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Италија: Вкупната бројка на починати од коронавирусот се искачи на 10.023 лица

РИМ (АА) - Во Италија починаа уште 889 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати се искачи на 10.023 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот директор на Цивилната одбрана, Анџело Борели ги сподели дневниот податоци во врска со Ковид-19.

Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 70.065 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 92.472 лица.

Тој нагласи дека бројот на излекувани лица со раст од 1.434 се искачи на 12.384 лица.

Според него, во последните часа починале уште 889 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 10.023 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın