Elena Teslova
31 Август 2024•Ажурирај: 01 Септември 2024
МОСКВА (АА) - Цивилниот хеликоптер Ми-8 со 22 лица исчезна на крајниот исток, во подрдачјето Камчатка, објави денес Руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавиција), пренесува Анадолу.
Исчезнатиот хеликоптер, кој превезувал туристи на далечниот исток на Русија, патувал од вулканот Вачкајец на јужниот дел на полуостровот Камчатка до селото Николаевка, оддалечено околу 25 километри.
„Во тек е потрагата по хеликоптерот Витјаз-Аеро Ми-8Т на територијата на Камчатка. Според прелиминарните податоци, во хеликоптерот имало 22 лица“, објави агенцијата за воздушен транспорт на Русија и додаде дека во него се наоѓале 19 патници и три членови на екипажот.
Два хеликоптери и спасувачки тим од земјата ја водат потрагата.