Islam Doğru
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
ЊУЈОРК
Во истражување спроведено во САД се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп е „единствениот најголем извор“ што ширеше дезинформации за епидемијата на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во анализата на Универзитетот „Корнел“, изработена врз база на 38 милиони англиски статии објавени низ светот, се наведува дека Трамп е најистакната личност со лаги и теории на заговор за Ковид-19.
Исто така, се нагласува дека приближно 38 проценти од „погрешните говори“ посветени на пандемијата, му припаѓаат на Трамп и дека тој е „најголемата движечка сила на лагите поврзани со пандемијата“.
Сара Еванега, главната авторка на студијата, рече: „Загрижувачки е фактот дека американскиот претседател е најголемиот извор на дезинформации околу Ковид-19.“
Во студијата, која се анализирани 38 милиони статии објавени од 1 јануари до 26 мај, се истакнува дека станува збор за најсеопфатно истражување на традиционалните и интернет-медиумите во однос на дезинформациите за Ковид-19.