свет

Истражување: Економската загуба од граѓанската војна во Сирија досега изнесува над 1,2 билиони долари

Во рамки на истражувањето пресметана e економската загуба предизвикана како резултат на судирите кои траат од 15 март 2011 година досега во Сирија, бомбашките напади, како и раселувањето на населението

Bahattin Gönültaş  | 05.03.2021 - Обновена : 07.03.2021
Истражување: Економската загуба од граѓанската војна во Сирија досега изнесува над 1,2 билиони долари

БЕРЛИН (АА) - Заедничкото истражување на хуманитарната организација „Ворлд вижн“ (World Vision) и компанијата за консултантски услуги „Фронтиер економикс“ (Frontier Economics) откри дека 10-годишната цена на граѓанската војна која продолжува во Сирија и го промени животот на стотици илјади лица, изнесува над 1,2 билиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на истражувањето со наслов „Цената на конфликтот за сириските деца“ е пресметана економската загуба предизвикана како резултат на судирите кои траат од 15 март 2011 година досега во Сирија, бомбашките напади, како и на раселувањето на населението.

Според истражувањето, 10-годишната цена на мирните демонстрации кои започнаа со барање за реформи во 2011 година во Сирија, а потоа со крволочната интервенција на Асадовиот режим прераснаа во граѓанска војна, изнесува над 1,2 билиони долари.

Се истакнува дека во случај граѓанската војна да заврши денес, последователните трошоци до 2035 година би се зголемиле до 1,7 билиони долари.

Исто така, се нагласува дека граѓанската војна во земјата во последните 10 години предизвикала намалување од 13 отсто на животниот век кај децата.

Според ова истражување, во последните 10 години во Сирија загинале над 600.000 лица, од кои 55.000 деца, додека околу 13 милиони Сиријци ги загубиле своите домови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.