Ahmet Furkan Mercan
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
ТОКИО
Четири брода на Крајбрежната стража со кинеско знаме влегле во јапонските територијални води околу спорните острови Сенкаку во Источно Кинеско Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според штабот на 11-та Крајбрежна стража во областа Наха, во префектурата Окинава во југозападниот дел на земјата, четирите брода на Кина ги нарушиле националните територијални води.
Бродови се приближиле на 26 километри источно од островот Минами Коџима во спорната област околу 10 часот по локално време.
По предупредувањата на јапонската крајбрежна стража, кинеските бродови ја напуштиле областа околу 11.40 часот по локално време.
Според веста на јапонскиот јавен сервис НХК (NHK) бродовите со кинеско знаме влегле во јапонските територијални води околу контроверзните острови Сенкаку по 29-ти пат оваа година.
- Контроверзен архипелаг
Архипелагот во Источното Кинеско Море, што Јапонија го нарекува Сенкаку, а Кина Дјаоју, се состои од 5 острови и 3 гребени.
Архипелагот, кој нема жители, долго време е извор на спорови за суверенитет меѓу двете земји.