Şeyma Uzundere
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
АНКАРА
Осум лица починаа поради истекување на токсични хемикалии во фабрика сместена во градот Гуејанг во кинеската провинција Гуејџоу, известува Агенција Анадолија (АА).
Официјални лица изјавија дека до излевањето на хемикалиите дошло кога работниците во фабриката се обиделе од возило да ја преземат пратката на метил формат, што се користи и за изработка на пестициди.
Во несреќата што се случи во фабриката, животот го загубија 8 лица, а 3 се повредени.
Во тек е истрага во врска со несреќата.
Фатални несреќи поврзани со преработката на хемикалии се причина за смртта на стотици луѓе во Кина последните неколку години.
Во 2019 година, 78 лица загинаа во експлозија во хемиска фабрика во источната провинција Ѓангсу.