свет

Ирска соопшти дека е можно да ја признае палестинската држава

„Ако продолжи безнадежноста околу напредокот на дијалогот, ќе бидеме принудени да го разгледаме овој наш избор поради многу отворени причини...“

Tayfun Salcı  | 23.09.2018 - Обновена : 24.09.2018
Ирска соопшти дека е можно да ја признае палестинската држава

London

ЛОНДОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Ирска, Симон Ковенеј, истакна дека во случај да не се постигне напредок во мировните преговори меѓу Палестина и Израел, можно е неговата земја да ја признае палестинската држава, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамки на посетата на палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ел Малики на Ирска, Ковенеј и Ел Малики одржаа заедничка прес-конференција во главниот град на Ирска, Даблин.

„Ние избравме само моментално да не ја признаваме палестинската држава, но ако продолжи безнадежноста околу напредокот на дијалогот, ќе бидеме принудени да го разгледаме овој наш избор поради многу отворени причини“, нагласи Ковенеј на прес-конференцијата.

Ковенеј подвлече дека во случај Ирска да ја признае палестинската држава, оваа нејзина одлука може да ја следат и други земји во Европа.

Тој рече дека неговата земја планира да започне иницијатива за повторно да се започне мировниот процес преку одржување на состанок во кој ќе учествуваат претставници на некои арапски и европски земји, како и претставници на Палестина.

Ирскиот министер за надворешни работи ја опиша како грешка одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, преку Обединетите нации (ОН) да ја спречи помошта за Палестина, и дека во овие рамки, Ирска, помошта во вредност од 4,5 милиони евра ќе ја зголеми на 7 милиони евра.

Ирскиот Сенат во јули го ратификуваше Нацрт-законот со кој се забранува увозот и трговијата со производите произведени во окупираните територии.

Нацрт-законот ќе премине во закон во случај да биде ратификуван и во Долниот дом на ирскиот Парламент. Во случај овој Нацрт-закон да премине во закон, Ирска ќе биде првата европска земја која донела ваква забрана за израелските населени места.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın