свет

Ирански тенкови и ракети од домашно производство изложени во главниот град Техеран

Додека нападите на САД и Израел врз Иран продолжуваат, изложбата ги истакна домашните одбранбени капацитети на Иран развиени со домашни ресурси

Aida Cako  | 25.03.2026 - Обновена : 26.03.2026
Ирански тенкови и ракети од домашно производство изложени во главниот град Техеран Фото: Fatemeh Bahrami/AA

ТЕХЕРАН (АА) – Тенкови и ракети произведени во Иран беа изложени во главниот град Техеран, во услови на тековните напади од Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз земјата, јавува Анадолу.

Додека нападите на САД и Израел врз Иран продолжуваат, изложбата ги истакна домашните одбранбени капацитети на Иран развиени со домашни ресурси.

САД и Израел вршат воздушни напади врз Иран од 28 февруари, при што досега се убиени над 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени капацитети, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.