Ahmet Dursun
06 Јуни 2023•Ажурирај: 07 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Иран ја претстави првата хиперсонична балистичка ракета со дострел од 1.400 километри, пренесува Анадолу.
Според веста на иранската официјална новинска агенција ИРНА, ракетата со дострел од 1.400 километри, именувана како „Фетах“, која се смета за прва хиперсоночна балистичка ракета на земјата, беше изложена на церемонија во Техеран, на која присуствуваа иранскиот претседател Ибрахим Реиси и други високи воени претставници.
Се истакнува дека оваа балистичка ракета поседува двостепен систем на цврсто гориво и има дострел од 1.400 километри.
Се тврди дека во моментот кога ја погодува целта, достигнува брзина од над 15.000 километри на час (13-15 мах).
Ракетите што се движат најмалку петпати побрзо од брзината на светлината (343 метри во секунда) се нарекуваат како хиперсонични ракети.
Овие ракети може да ги надминуваат воздушните системи поради нивната голема брзина.
Емир Али Хаџизаде, командант на Воздухопловните сили при армијата на иранската Револуционерна гарда, на 10 ноември 2022 година истакна дека развиваат хиперсонична балистичка ракета и дека скоро ќе ја претстават.