Ahmet Dursun
06 Декември 2024•Ажурирај: 07 Декември 2024
Иран тврди дека Украина ги поддржува вооружените опозициски групи во Сирија и побара администрацијата на Киев веднаш да престане со оваа поддршка, известува Анадолу.
Во писменото соопштение на иранското Министерство за надворешни работи, се тврди дека украинските функционери се занимавале со илегална трговија со оружје од САД и дека оваа земја ги поддржувала вооружени опозициски групи против режимот во Сирија.
Во изјавата се тврди дека „овие акции се јасно кршење на меѓународните обврски на владите за спречување и борба против тероризмот и дека употребата на такви групи за дестабилизација на регионот на Западна Азија е неморална политика“ и се бара од администрацијата на Киев веднаш да ја прекинат оваа поддршка.