свет

Иран: Прекинот на струја во нуклеарната централа е „нуклеарен тероризам“

Осудувајќи го актот, Салехи ја повика меѓународната заедница и Меѓународната агенција за атомска енергија да одговорат.

Bilal Güler  | 12.04.2021 - Обновена : 14.04.2021
Иран: Прекинот на струја во нуклеарната централа е „нуклеарен тероризам“

АНКАРА

Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI), Али Акбар Салех, синоќа изјави дека прекинот на електричната енергија во нуклеарниот објект Натанц претставува нуклеарен тероризам, јавува Агенција Анадолија (АА).

Али Акбар Салехи, шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI), изјави дека ваквиот акт е обид да се спречат тековните преговори со САД во Виена, според иранската новинска државна агенција ИРНА (IRNA).

Осудувајќи го актот, Салехи ја повика меѓународната заедница и Меѓународната агенција за атомска енергија да одговорат.

Портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI), Бехруз Камалванди, претходно пријавил „несреќен случај“ во делови од електричната мрежа на објектот.

Тој рече дека нема жртви или протекување, а причината се испитува.

Несреќата се случи еден ден откако Техеран ги претстави новите напредни центрифуги за ураниум.

Тензиите меѓу Иран и неговиот долгогодишен противник Израел ескалираа во последните месеци, особено по дипломатските напори предводени од американскиот претседател Џо Бајден за заживување на нуклеарниот договор.

Поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор, официјално познат како Заеднички сеопфатен план за акција, во 2018 година.

Минатата година беше убиен врвниот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризадех. Техеран го обвини Тел Авив за убиството, велејќи дека ќе возврати.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın