Bilal Güler
09 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Владата на Иран, Али Реби, соопшти дека Иран е подготвен за можна размена на затвореници со Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската официјална агенција ИРНА, портпаролот на иранската Влада, во врска со дневната агенда одржа прес-конференција во главниот град Техеран.
Наведувајќи дека Џавад Зариф, иранскиот министер за надворешни работи, претходно го објавил ставот на иранската администрација во врска со размената на затвореници, Реби истакна: „Подготвени сме да ги размениме сите затвореници. Неподготвеноста на САД е причината поради која тоа не се случило досега.“
Реби истакна дека многу Иранци низ светот се уапсени како резултат на американскиот притисок.
Осврнувајќи се на прашањето за нуклеарниот договор меѓу Иран и САД, Реби го обнови својот повик до САД да ги укинат санкциите и да се вратат на „безусловниот“ договор.