Mustafa Deveci
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за разузнавачки работи Ели Коен изјави дека Израел е способен да одговори на нападите кои би можеле да следуваат од Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коен на Конференцијата организирана од страна на израелскиот весник „Макор Ришон“ говореше за актуелните случувања.
Тој истакна дека иранските власти повикуваат на уништување на Израел, дека имаат намера да набават нуклеарно оружје и се обидуваат да се сместат во воена смисла на северната граница на Израел.
„Израел тоа нема да го дозволи. Израел е подготвен да се одбрани во случај на ирански напад, како што е способен и да одговори на тие напади“, изјави Коен.
Израелскиот министер напомена дека е против укинувањето на санкциите на Иран и оцени дека таквата постапка би довела до поголем број финансирања на терористичките организации на Блискиот Исток и во Европа.