Mahmoud Barakat
22 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
АНКАРА/ТЕХЕРАН (АА) - Иран денес го претстави новиот домашен ракетен систем за противвоздушна одбрана „Бавар-373“ (Bavar-373), пренесува Anadolu Agency (AA).
Новиот ракетен систем со долг дострел земја-воздух беше претставен на церемонијата што се одржа во главниот град Техеран, во присуство на претседателот Хасан Рохани.
Како што јави Иранската новинска агенција (ИРНА), за време на својот говор, Рохани изјавил дека иранскиот систем за противвоздушна одбрана е „посилен од рускиот S-300 и дека повеќе наликува на рускиот S-400“.
„Бавар-373, со опсег од 200 километри и висина на дострел од 27 километри е попознат како ирански S-300“, истакнува новинската агенција.
Новиот систем успешно го помина тестирањето и денес е вклучен во иранскиот систем за противвоздушна одбрана.