свет

Иран: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 3.036

Иран: Последните 24 часа од пандемијата на Ковид-19 животот го загубија 138 лица. Вкупната бројка на починати се искачи на 3.036

Mustafa Melih Ahıshalı  | 01.04.2020 - Обновена : 01.04.2020
Иран: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 3.036

ИСТАНБУЛ (АА) - Во Иран бројот на смртните случаи предизвикани од заразување со коронавирусот (Ковид-19) се зголеми на 3.036 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кијануш Џаханпур, гласноговорникот на Министерството за здравство на Иран, соопшти дека во последните 24 часа починале 138 заразени со вирусот.

Со тоа бројот на починатите е зголемен на 3.036.

Воедно, Џаханпур соопшти дека бројот на заразените е зголемен за 2.987, односно на 47.593 лица.

Додаде дека во тешка состојба се 3.871 заразено лице, а закрепнале 15.473 лица.

Првиот случај на новиот тип коронавирус во Иран беше регистриран на 19 февруари во Ком, а набгргу се прошири на територијата на целата држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın