Haydar Hadi
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот суд издаде налог за апсење на потпретседателот на Регионалната курдска управа во северен Ирак, Косрет Ресул, под обвинение дека единиците лојални на Владата на Ирак ги нарекол окупаторски сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдусетар Бајрактар, портпарол на ирачкиот суд, изјави дека налогот за апсење за Ресул е издаден поради тоа што потпретседателот на Регионалната управа во северен Ирак ги нарекол окупаторски сили, полициските и воените единици во Киркук.
Бјарактар соопшти дека овие зборови на Ресул се со навредлив и провокативен карактер.