Bakir Tiro
20 Септември 2019•Ажурирај: 22 Септември 2019
САРАЕВО
Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), истакна дека Иран мора да им дозволи на жените влегување на стадионите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата позиција е јасна. На жените мора да им се дозволи да влезат на стадионите во Иран. Време е да се сменат работите. ФИФА очекува тоа да се случи на наредниот натпревар на фудбалската репрезентација на Иран на домашен терен“, рече Инфантино.
Националниот тим на Иран на 10 октомври ќе игра против Камбоџа во Техеран. ФИФА веќе испрати претставници во Иран, кои ги мониторираат подготовките за организација на натпреварот.
На жените во Иран им е забранет влез на стадионите кога играат машки екипи, од Исламската револуција во 1979 година.