Mahmut Atanur
11 Април 2019•Ажурирај: 14 Април 2019
ЏАКАРТА (АА) - Околу 24.000 лица биле погодени од поплавите кои од почетокот на неделата ја погодија индонезиската покраина Западна Јава, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на индонезиската Национална агенција за управување со катастрофи (BNPB), Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека 700 лица во градот Бандунг, град кој е погоден од поплавите во оваа покраина, како и во околината, се евакуирани во безбедни зони.
Нугрохо нагласи дека 24.813 лица биле погодени од поплавите, додека 8.271 градба биле оштетени.
Тој рече дека во овој регион каде што на 22 април беше прогласена итна состојба, во тек се работите за помагање на лицата погодени од оваа катастрофа.
Над 100 лица загинаа во поплавите кои се случија минатиот месец во покраината Папуа.