Mahmut Atanur
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
ЏАКАРТА (AA) – Во земјотресот со јачина од седум степени по Рихтер кој го погоди островот Ломбок, загинаа најмалку три лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните функционери изјавија дека добија информации за најмалку три страдани лица, јавува каналот Метро ТВ.
Надлежните органи на власта настојуваат да утврдат дали има уште смртно страдани, односно повредени.
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија претходно соопшти дека земјотресот е евидентиран на длабочина од 15 километри и тоа 27 километри североисточно од Ломбок, а укинат е аларм издаден поради ризик од цунами.
На Меѓународениот аеродром Праја дојде до пократок прекин во напојување на електрична енергија што донесе до доцнење на летови. Состојбата бргу е нормализирана.
Во земјотресот со јачина од 6,4 степени кои минатата недела го погодија истото подрачје страдаа 16 лица, а евакуирани се повеќе од илјада луѓе.