Gamze Türkoğlu Oğuz
06 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
ЏАКАРТА (AA) – Во земјотресот со јачина од седум степени по Рихтеровата скала кој го погоди островот Ломбок, во Индонезија, загинаа 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Информација за страданите ја потврди шефот на Управата за борба против природните катастрофи на Западна Нуса Тенгаре Мухамед Рум.
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија претходно соопшти дека земјотресот е евидентиран на длабочина од 15 километри и тоа 27 километри североисточно од Ломбок, а укинат е аларм издаден поради ризик од цунами.
На Меѓународениот аеродром Праја дојде до пократок прекин во напојување на електрична енергија што донесе до доцнење на летови. Состојбата бргу е нормализирана.
Во земјотресот со јачина од 6,4 степени кои минатата недела го погодија истото подрачје страдаа 16 лица, а евакуирани се повеќе од илјада луѓе.