Ekipa
27 Јули 2019•Ажурирај: 28 Јули 2019
ЊУ ДЕЛХИ
Спасувачките екипи во Индија ги евакуираа сите 700 патници од возот што заглави во монсунските поплави меѓу две станици во близина на Мумбај, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за раководење со катастрофи соопшти дека возот „Махалаксми експрес“, во кој се наоѓале 700 патници, заглавил во водата надојдена од монсунските поплави.
Со брза интервенција на спасувачките екипи, од возот се извлечени сите патници.
Информацијата ја потврди и министерот за внатрешни работи, Амит Шах, наведувајќи дека возот останал заробен во водите помеѓу две станици во близина на Мумбај.
Шах порача дека се спасени сите патници од возот.
Поголемиот дел од Индија е зафатен од поплави и свлечишта. Официјалните лица претходно информираа дека се поплавени 90 % од Националниот парк „Казиранга“ во Асам, во кој починаа повеќе од 200 животни, меѓу кои и 8 слона и 4 носорози.
Истите извори наведуваат дека околу 100.000 лица од Асам се евакуирани во кампови.
Свлечиштата во Мегалаја предизвикаа значителна материјална штета врз патната инфраструктура и објектите, а поради излевањето на реките, во Мизорам се потопени 32 села од кои се евакуирани најмалку 1.000 семејства.