Riyaz Ul Khaliq
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
АНКАРА
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индија, Ариндам Багчи, ѝ се заблагодари на Турција за медицинската помош што ја испрати Турција во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Багчи, наведувајќи дека го поздравуваат гестот на солидарност на Турција, рече дека се заблагодаруваат на турската Црвена полумесечина.
Амбасадорот на Индија во Анкара, Санжај Кумар Панда, на својот профил на Твитер, нагласувајќи дека медицинските материјали се „критични“ за неговата земја, рече: „Благодарам на Турција што е заедно со Индија во овие тешки моменти.“
Турската Црвена полумесечина до индискиот Црвен крст испорача два товарни авиона полни со медицински материјали за поддршка на луѓето во Индија погодени од епидемијата на Ковид-19.
Помошта се состои од 630 кислородни боци, 5 генератори на кислород, 50 респиратори, 50 илјади лекови и разни медицински материјали подготвени од турската Црвена полумесечина и Министерството за здравство.
Во Индија, чие население се приближува до 1,4 милијарди, досега се детектирани 27.369.093 случаи на Ковид-19. Од коронавирусот досега животот го загубија 315.235 лица.