Ekipa
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
ГУВАХАТИ (АА) - Најмалку 16 лица загинаа, а 50 се повредени кога камион кој превезувал луѓе на црквена миса се превртел откако удрил во бетонска барикада во североисточниот дел на Индија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека неколку лица паднале во длабоката клисура во планинската област каде што се случила несреќата, додека десетици повредени се префрлени во болница.
Арун Кембхави, администратор во владата на источната индиска држава Мехалаја, изјави дека возачот на камионот најверојатно изгубил контрола над возилото во близина на градот Нонспунг.
Смртоносните сообраќајни несреќи во Индија се чести поради лошата инфраструктура, несовесното возење и застарените возила.