свет

Индија: Прво апсење на лице поради неодамнешните повици за геноцид над муслиманите

Минатиот месец се одржа хиндуистички верски собир во Харидвар, Утараханд, каде што муслиманите беа отворено на нишан на хиндуистичките водачи

Ekipa  | 14.01.2022 - Обновена : 17.01.2022
Индија: Прво апсење на лице поради неодамнешните повици за геноцид над муслиманите

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Полицијата во индиската северна хималајска држава Утараханд објави дека го спровела првото апсење во случај поврзан со говор на омраза со кој се повикува на геноцид врз муслиманите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Полицијата во соопштение наведе уапсено е лицето Џитендра Нарајана Тјаги, кој порано се викал Васим Ризви и кој тврди дека преминал од ислам во хиндуизам.

Ова е прво апсење како дел од истрагата за неодамнешните повици на хиндуистичките верски водачи за геноцид врз муслиманите во Индија.

Минатиот месец се одржа хиндуистички верски собир во Харидвар, Утараханд, каде што муслиманите беа отворено на нишан на хиндуистичките водачи.

Исто така, во главниот град Њу Делхи, хиндуистички водачи ги нападнаа муслиманите и ветија дека ќе загинат и убијат за да ја направат Индија хиндуистичка земја.

Апсењето се случи еден ден откако Врховниот суд издаде известување до Владата на Утараханд по петицијата со која се бара кривично гонење на лицата вклучени во говорот на омраза на настанот минатиот месец.

Видеоснимките од собирот кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бес низ целата земја, поради што поранешен воен началник, активисти за човекови права и политичари бараат соодветна акција.

Членовите на опозициската партија, исто така, говореа за молкот на премиерот Нарендра Моди по ова прашање.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.