Ekip
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
ГУВАХАТИ (АА) - Индиските официјални лица велат дека водата поплавила големи делови од познатиот резерват за диви животни во североисточна Индија, убивајќи повеќе од 200 животни и поттинувајќи стотици други да избегаат, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на резерватот, Сатјендра Синг, вели дека во разорните поплави, кои го поплавиле речиси целиот Национален парк Казиранга, загинале 15 носорози, 185 елени и еден бенгалски тигар.
Во меѓувреме, ширум Индија и соседен Непал и Бангладеш, бројот на жрвите во потопување, рушење на куќи и свлечишта, предизвикани од сезонските монсунски дождови, се зголеми на 578 лица.
Војниците и спасувачките служби во сите три земји покренаа големи операции за да ги евакуираат загрозените, и обезбедија храна и сместување за речиси 16 милиони лица погодени во поплавите во јужна Азија.